Моника Белучи со години важи за една од најубавите жени на денешницата.
Таа не крие дека многу се грижи и ја негува својата кожа, но и секогаш е беспрекорно нашминкана.
Белучи во една прилика изјави дека не се плаши од стареење, па гордо ги покажува своите брчки и не се труди да ги покрие со големи количини на шминка, туку секогаш изгледа природно, а има доволно шминка на лицето.
Токму тоа многумина го забележаа на видеото кое се појави на Инстаграм, а кое беше создадено минатата година, кога актерката имаше 57 години.
„Има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да стареат на поинаков начин. Кога имате 50 или 60 години, ги немате истите потреби како кога сте имале 20 години. Годините ни даваат поинаква перспектива“, изјави Моника.