“ТРОЈКАТА МИ БЕШЕ ЖИВОТНА ГРЕШКА“: Деми Мур за бракот со Ештон Качер (ФОТО)

by Тони Зографски
Холивудската глумица Деми Мур, која пред неколку дена го прослави својот 60-ти роденден, пред неколку години ја објави автобиографијата „Inside out“ во која откри за единственото нешто за што жали во животот.

Смета дека направила голема грешка кога се договорила за тројка со холивудскиот актер Ештон Качер, кој е 16 години помлад од неа и со кој извесно време беше во брак.

Demi Mur, Ešton Kučer– Сакав да му покажам колку можам да бидам забавна и одлучна, но знам дека тоа беше грешка, рекла актерката која тврди дека миленикот на жените е манипулатор и маж кој „психолошки малтретирал жена“.

Исто така, открила и дека тој побарал да уринира врз него:

– Беше толку понижувачки и одвратно, се уште имам трауми од нашата врска.

Актерката тврди дека во тоа време правела се што и побарал сопругот, но тој сепак ја изневерувал. Тројките со кои таа се согласила биле еден вид пресвртница во нивниот брак.

Demi MurЖивотот на Деми Мур секако не бил лесен, а актерката признала дека била силувана на 15 години, и дека имала проблематична врска со нејзината мајка. За прв пат се омажила во 1979 година со музичарот Фреди Мур, по што среќата ја побарала со Брус Вилис и конечно со Ештон Качер.

останати вести