Познатата холивудска актерка Џесика Алба (41) го освои светот со својата природна убавина. Познато е дека сите нејзини колешки зборуваат дека изгледа исто како и пред 20 години, а тоа што е интересно е тоа што Џесика не посегнала по пластични операции ниту по породувањето.
Џесика зачекорила во петтата деценија од својот живот, а во една прилика открила дека има посебни правила кои ги применува во исхраната.
Исто така позната е и по негуваниот изглед, како што вели таа го тренира мозокот да ѝ биде попродуктивен, а тоа го прави за да се чувствува поздраво. Со самото тоа, таа добива резултати кои другите ги забележуваат, а актерката тоа успешно го потврдува на секој свечен настан.
Џесика овојпат пристигнала во Лос Анџелес каде традиционално бил одржан „Baby2Baby“ гала балот, а на црвениот тепих таа прошетала покрај најголемите холивудски ѕвезди. Додека тесните фустани на познатите жени ги истакнувале нивните атрибути, харизматичната актерка се определила за целосно неочекувана модна комбинација.
Џесика облекла раскошен, розов фустан со традиционални цветови. Нејзиниот избор го оцениле модните експерти, истакнувајќи дека ова бајковито издание е вредно за внимание.
Џесика со таа модна комбинација носела и сребрена плико-чанта, како и дијамантски обетки и алка. Таа на овој настан дојде во придружба на нејзиниот сопруг Кеш Ворен, кој цела вечер не го тргаше погледот од саканата.