Се судрија два авиони во лет на аеромитинг во Тексас (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Два авиони од Втората светска војна се судрија за време на аеромитинг во американската сојузна држава Тексас, при што загинаа две лица.

Авионите, од кои еден е Боинг Б-17, таканаречената „летечка тврдина“, учествуваа на митингот во близина на Далас што се одржа во спомен на Втората светска војна.

На снимката која ја објавија медиумите се гледа судир на два летала на мала височина, а еден авион од силината на ударот се преполовил.

Не се знае точно колку луѓе имало во двата авиони.

Здружението на сојузничките пилоти објави дека меѓу загинатите се и двајца поранешни членови на здружението, Тери Баркер и Лен Рут, додека медиумите објавија дека во несреќата загинале дури шест лица.

Федералната управа за авијација соопшти дека ќе започне истрага за несреќата, која се случи за време на тридневниот собир посветен на сеќавањето на ветераните и жртвите од Втората светска војна.

Градоначалникот на Далас, Ерик Џонсон изјави дека ова е страшна трагедија, пренесува Би-би-си.

останати вести