Кристин Херш (65) го тужела актерот Ворен Бити (85), дека ја принудил на секс кога имала само 14 години, пренесува „Daily Mail“.
Бити е осомничен дека ја „искористил“ Кристин Херш која ја запознал на снимање на филм во 1973 година, а злоставувањето се случило подоцна истата година.
Кристин на снимањето во Лос Анџелес ја одвела сосетката која веќе била вработена на сетот. Според нејзините зборови, Ворен Бити којшто тогаш имал 35 години ѝ давал премногу внимание.
Во тужбата се наведува дека Бити повеќе пати ѝ давал комплименти пред да ѝ го даде својот телефонски број и барал од неа да му се јави кога ќе биде во близина на неговиот хотел.
Понатаму се наведува дека во 1973 година кога Херш имала 14 години, Бити ја искористил својата положба и статус на холивудска филмска ѕвезда за да ја принуди на секс со него.
Во судските документи предадени во понеделникот во Високиот суд во Лос Анџелес, не се споменува директно името на Ворен Бити, но јасно се укажува на него.
Според тужбата, тој ја повикал во хотел девојката, во којшто живеел, ја одвел во својот автомобил, ѝ понудил помош околу училишна задача и разговарал со неа за губење на невиноста.
Актерот во тужбата е опишан како „Клајд од филмот „Бони и Клајд“ којшто за таа улога бил номиниран и за Оскар.
„Daily Mail“ контактирал претставник за медиумите на Ворен Бити, како и адвокатите на Кристин Херш.
„Ја користеше својата улога, статусот и моќта на позната холивудска ѕвезда за да добие пристап, манипулираше со неа, ја искористи и ја принуди на сексуален контакт во текот на неколкуте месеци во државата Калифорнија“, се наведува понатаму во тужбата.
Во тужбата се тврди дека Херш не можела да се согласи на сексуален однос затоа што била малолетна во тоа време, а сега бара отштета и казна за Ворен. Поради злоставувањето кое според нејзините зборови го доживеала, претрпела емоционална и психичка болка, а се борела и со чувство на срам и вина.