Една од најшокантните исповеди кај Опра Винфри е признанието на актерката Мекензи Филипс (62), која признала дека цели 10 години била во инцестуозна врска со татко ѝ.
Имено, татко ѝ починал 8 години пред нејзината исповед, по што нејзините полусестри Чајна и Бижа, како и неговата вдовица, биле скршени.
„Кога излезе на виделина нашата тајна, сè излезе надвор од контрола. Но единственото нешто што би го променила е начинот на кој моето семејство дозна за сè. Требаше подобро да ги подготвам за тоа дека ќе објавам сè јавно“, рекла американската актерка и пејачка.
Таа своето детство го опишала како турбулентно, а нејзиното признание дека татко ѝ ѝ давал кокаин кога имала 11 години, а од 19-тата година започнале сексуална врска, ја згрозило целата јавност. Врската била прекината кога останала бремена, а не знаела кој е таткото на детето. Тогаш, „Папа Џон“ ѝ платил за абортус
Инаку, Мекензи ја открила морничавата тајна во 2009 година во книгата High on Arrival, во која напишала дека татко ѝ ја силувал кога имала 19 години, додека двајцата биле под дејство на дрога и алкохол. Во книгата напишала и дека татко ѝ ја силувал ноќта пред нејзината венчавка и дека подоцно доброволно се впуштила во сексуална врска со него, која траела 10 години до 1989 година, кога забременила а не била сигурна дали чека дете од татко ѝ или сопругот. Филипс ѝ платил за абортус, а Мекензи открила дека потоа не сакала никој да ја допира.
Мекензи долги години се борела со зависноста од наркотици, но успеала да се извлече и да го среди својот живот, па сега работи во центар за рехабилитација.
Оваа актерка се прослави во филмовите на Дизни: American Graffiti, One Day at a Time… Татко ѝ бил познатиот „Папа Џон“, музичар во еден од најпознатите бендови во тоа време Mamas and Papas, па таа така и стигнала во светот н шоубизнисот.