Бизнисменот Орце Камчев е на слобода откако кривичниот суд му ги споил двете затворски казни, за случаите „Империја“ и „Плацови на Водно“ и му ги намалил за четири месеци.
Од две години, тој имал за одлежување една година и осум месеци. Бидејќи во казните му се засметани и деновите поминати во ефективен притвор од вкупно 11 месеци и времето поминато во домашен притвор, бизнисменот заврши со издржување на казните.
Во затворот во Струга, Камчев помина четири месеци и шест дена. Во затворот во Шутка, помина месец и 17 дена, а потоа, девет месец и 22 дена. Вкупно, тој има издржано една година и три ипол месеци. Останатиот период го има поминато во куќен притвор.
Камчев призна вина во случајот „Империја“ каде се спогоди со Обвинителството. Тој плати и 5 милиони евра. Во случајот „Плацеви на Водно“, Камчев беше осуден на казна од една година за делото „перење пари“.
Извор: а1оn.мк