Починал планинарот паднат во провалијата под Титов Врв

by Тони Зографски

Еден од двајцата планинари кои вчера се изгубија под Титов Врв на Шар Планина почина по падот во провалија, неофицијално дознава МКД.мк. Полесно е повреден неговиот другар кој јавил за инцидентот, а потешко бил повреден и началникот на тетовската полиција кој бил член на спасувачката екипа.

Планинарот кој јавил за настанот утрово во три часот бил пренесен во тетовската болница, заедно со началникот на СВР Тетово кој добил потешки телесни повреди.

Спасувачките екипи за да го пронајдат планинарот кој паднал во провалија се упатиле од другата страна преку Лешница и по неколку часови успеале да го лоцираат и пронајдат и второто лице кое паднало од карпа.

 

останати вести