Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристески со семејството и пријатели го прослави 16-тиот роденден на синот Маркијан.
Ребека и нејзиниот сопруг Милан заедно со Маркијан и близначињата Макариј и Доротеј се забавуваа и славеа во Скопје. Таа сподели фотографии и видео за да го одбележи овој важен ден во нивното семејство.
„Најсреќниот ден на Маркијан. Прекрасен роденден мил мој. Ви благодариме на сите што дојдовте на нашата забава. Да си среќен! Господ да те благослови со среќа и луѓе кои те сакаат до крајот на животот! Среќен Роденден!“, напиша Ребека.