Латиноамериканската актерка Ева Лонгорија Бастон на доделувањето на титулата се појави во креација која никого не остава рамнодушен…
47-годишната актерка се здоби со титулата „Дама“, и сподели низа фотографии од настанот.
„Сега сум Дама Лонгорија! Денеска ја добив оваа неверојатна чест во Астуриас, Шпанија за мојот шпански придонес во културата во овој регион. Татко ми не можеше да биде тука, но ќе беше многу горд! Секоја чест за сите почестени од овој регион вечерва“ – напиша преубавата дама која блесна во креација на македонскиот дизајнер Тони Матичевски.
Станува збор за заносна тоалета во нежна крем боја, која ја прати линијата на телото и има суптилно деколте и интересни исечоци од страните.
Станува збор за заносна тоалета во нежна крем боја, која ја прати линијата на телото и има суптилно деколте и интересни исечоци од страните.
Всушност иста таква креација, само со различна боја е дел од официјалната страница на светски познатиот дизајнер и се продава по цена од 2.200 американски долари.
На овој важен настан Лонгорија беше придружувана од своите најблиски.
Инаку, Матичевски со години важи за еден од најпознатите дизајнери во Австралија. Во негови креации се појавија Џенифер Лопез, принцезата Дина Абдулазиз, Хајди Клум, Бијонсе, Џејми Кинг, Пенелопе Круз и многу други.