Бред Пит има работено со некои од најголемите имиња во Холивуд, но неговата омилена актерка на сите времиња не мора да биде името што би го очекувале.
Пит го сподели своето мислење за ова уште во 1996 година, кога беше прашан за неговите омилени актери во индустријата.
„Познавам многу малку мажи на кои можам да се угледам“, изјави тој за магазинот „Тајгер Бит“. „Затоа ги ценам постарите филмови бидејќи прикажуваат маж кој се залага за своите принципи. Како Роберт Редфорд. Тој покажа човек каков што мажите би сакале да бидат, а жените би ги сакале мажите“.
Тој тврдеше дека најголемите ѕвезди не се секогаш луѓе кои би биле наречени „секс симболи“ и покрај тоа што изгледот е голем фактор во Холивуд.
„Кога ќе видите некоја личност, дали се концентрирате само на неговиот изглед? Тоа е само првиот впечаток. Потоа има некој кој не ви фаќа око веднаш, туку разговарате со него и тоа станува најубавото нешто на светот.”
Неговата омилена актерка на сите времиња е жена која не беше позната како секс симбол, но Пит вели дека таа за него сè уште е „најубавата жена на екранот“.
Станува збор за 74-годишната актерка Дајан Вист, која се прослави со улогите во филмовите како Footloose и Edward Scissorhands.
Вист доби Оскар за филмот на Вуди Ален, Хана и нејзините сестри и Куршуми над Бродвеј. Други значајни филмови во кои таа глумеше се Parenthood, Practical Magic, The Lost Boys и Dan in Real Life, а таа се појави и во некои серии како Law & Order, Life in Pieces итн.