Медицинската сестра Аурона Пелај од Косово која завчера тепаше стара жена во дом за стари лица беше приведена од полицијата, по што објави статус на Фејсбук.
„Здраво, јас се викам Аурона Пелај, полицијат ми дозволи да го напишам ова писмо и јавно да се извинам за грозниот потег што го направив вчера. Сите прават грешки. Му се извинувам на семјството и на сите Албанци“, напиша Пелај.
Старата жена беше малтретирана од Пелај и уште неколку медицински сестри и видеото беше објавено на социјалните мрежи.
Инаку, Основниот суд во Пеќ, во врска со случајот со нападот врз Минирие Нура во старскиот дом „Оренда“ во Пеќ, одлучи на трите медицински сестри инволвирани во нападот да им биде одреден притвор од по еден месец, јавува Клан Косово.
Притворените медицински сестри се Аурона Пелај, главен извршител на насилството, како и Алтина Реџепи и Ремзије Куќи, кои ја снимиле страшната случка и не интервенирале.
Притворот обвинетите медицински сестри ќе го поминат во затворот Липјани.