Бизнисменот Штерјо Наков доцна синоќа бил пронајден од полицијата во селото Орешани, откако неколку часа се водеше за исчезнат. – Радио Лидер дознава од извори во МВР.
Тој е со нарушена здравствена состојба, но сепак бизнисменот е надвор од животна состојба.
Штерјо Наков е долгогодишен сопственик на шпедитерската компанија „Фершпед“, како и на повеќе други фирми и хотели. Тој со децении е еден од најбогатите Македонци.