Раперот и ди џеј Тони Петковски, познат како Тони Зен, и неговиот тригодишен син Јасен се нашле во многу непријатна ситуација.
Имено, тие биле заглавени во лифт еден час, па морала да интервенира и противпожарната служба.
„Благодарност до пожарникарите кои бргу дојдоа и нѐ одглавија од лифотот во кој бевме заглавени еден час“, напиша раперот на својот Инстаграм-профил и јавно им се заблагодари на пожарникарите.