Славниот холивудски актер Мајкл Даглас направил голема промена во својот изглед, што може да се види на неговата последна Инстаграм објава.
Актерот во текот на викендот објави видео на Инстаграм на коe се гледа неговата нова боја на коса.
Даглас се јавил од балкон во Париз, а под качкетот е воочлива неговата долга коса, бојадисана во костенлива нијанса.
„Еј луѓе, среќен петок, нека ви е добар денот. Многу љубов“, вели актерот во објавеното видео.
Засега не е јасно зошто одлучил да ја бојадиса својата коса во костенлива боја – дали тоа го направил за потребите на некоја нова улога или едноставно одлучил да го промени имиџот.
Даглас инаку ќе го глуми Бенџамин Френклин во серијата која допрва треба да се емитува, а ќе се појави и во филмот „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“ кој во американските киносали треба да стигне на 17-ти февруари 2023 година.