Безбедносните камери го снимиле застрашувачкиот момент кога турска тинејџерка паднала од зграда и загинала додека се обидувала да го дофати телефонот.
Трагедијата се случила на 12 октомври откако Мелике Гун Канавузлар (15) го фрлила мобилниот телефон додека била на врвот на зграда во градот Ортача во западната турска провинција Мугла, објавија локалните медиуми. Кога девојчето се обидело да го грабне телефонот во лет, изгубила рамнотежа и паднала од четири ката на тротоарот.
Вознемирувачката снимка од 11 секунди, снимена од безбедносните камери на соседните згради, прикажуваат случајна минувачка како оди по тротоарот пред зградата кога го видела мобилниот телефон што паднал на земја.
Во моментот кога почнала да се доближува до апаратот, таа брзо се повлекла кога телото на Мелика толку силно удрило во бетонот до неа што се одбило.
После тоа, девојчето итно било пренесено во болница во критична состојба, пред да биде префрлено на Одделот за интензивна нега во градот Мугла во југозападна Турција, објави „Њузфлеш“. Издржала неверојатни 18 дена пред да им подлегне на повредите. Канавузлар била погребана на 30 октомври.