Во Косово се појави вознемирувачка снимка од дом за стари лица во градот Пеќ, на која се гледа како млада работничка, негувателка или медицинска сестра, малтретира и тепа стара жена, сместена на домот.
Инцидентот се случил пред неколку дена во приватниот старски дом во Пеќ. На видеото се гледа како вработената ја удира по главата повозрасната жена.
Нејзината колешка во првите моменти од насилството сака да ја отргне од намерата, но таа продолжува да ѝ удира шамари на жената.
Веста ја потврди и портпаролот на полицијата на Пеќ, Фадил Гаши, кој информира дека медицинските сестри се уапсени на работното место, околу 14 часот.
Според соопштението на Основното обвинителство Пеќ, тие се осомничени дека сториле кривично дело „Напад“ и кривично дело „помагање во извршување на кривичното дело Напад“.
Инаку воземирувачкото видео, го објави актерката Калтрина Зенели на социјалните мрежи, на кое се гледа како две медицински сестри физички напаѓаат повозрасно лице во домот за стари лица.
Во продолжеие на видеото, исто така се гледа како една медицинска сестра ја напаѓа, а друга и помага во насилството, а се слуша и смеење.