Стјуардесата Никол Кост е позната во јавноста како долгогодишна љубовница на принцот Алберт Втори од Монако, со кој го има синот Александар кој нема никакви кралски овластувања.
Во неодамнешното интервју за „Paris Match“, Никол раскажала дека Алберт одлично го прифатил нивниот син, но тоа останало во сенка на грубите зборови кои ги кажала за принцезата Шарлин, сопругата на Алберт, позната и како „најтажната принцеза во Европа“.
Кога минатата година Шарлин заврши на лекување поради психички проблеми, Никол рекла дека „не ја интересира што се случува со принцезата и дека конечно ја стигнала кармата“, а сега тврди дека жителите на Монако наводно не ја сакаат Шарлин поради нејзиниот секогаш леден, ладен став.
„Минатата година ме дочекаа на еден настан како кралица. Ме почитуваат и ме сакаат, а неа не можат да ја смислат“, изјавила Кост и додала дека останала блиска со Алберт со кој имала 6-годишна тајна врска.
Таа во повеќе наврати досега покажала дека не ја поднесува својата сопарничка.
За потсетување, во мај 2005 година открила дека татко на нејзиниот син е принцот Алберт кој тогаш веќе бил во врска со Шарлин. На почетокот тој негирал секаква врска со неа, но судот наредил да се направи ДНК анализа која покажала дека принцот е таткото и дека всушност бил неверен.
Тој дури пред неколку години започнал да го вклучува синот во животите на останатите членови на семејството Грималди, почнувајќи од роденденски прослави и хуманитарни свечености.
Алберт на љубовницата ѝ купил стан во Париз и добива месечен надомест за луксузниот живот кој го живее во овој град.