Руската тенисерка Анастасија Потапова ги „полуде“ обожавателите со серија сексапилни фотки.
Атрактивната тенисерка моментално е на одмор во Канкун и судејќи по нејзините фотографии, навистина ужива.
Русинката во моментов е 44-та тенисерка на ВТА листата и досега има освоено само една титула во сингл.
Убавата Анастасија во послените неколку месеци игра се подобро и нејзиниот ранкинг е во нагорна линија.
Таа сподели провокативна фотографија од плажа на која се пошегува правејќи паралела со „Чуварите на плажата“.
„Малибу чуварка на плажа на твоето детство“, напиша Анастасија под фотката на која позира до куќичка на спасувачите.
Инаку, таа го привлече вниманието и на Карлос Алкараз, првиот тенисер во светот кој редовно ги лајкува нејзините фотографии на Инстаграм.