Српската глумица Мирјана Карановиќ проговори за инцидентот со старицата (82), која наводно се здобила со тешки повреди за време на конфликтот со неа.
Инцидентот се случил во четвртокот, на улицата Катаниќева во Белград, каде што најпрвин настанала вербална, а потоа и физичка пресметка меѓу актерката Мирјана Карановиќ и старицата С.С (82). Старицата се здобила со сериозни повреди на колкот и бутната коска, пренесуваат српските медиуми.
Повредената баба веднаш била згрижена во болница, каде што наводно ѝ биле констатирани тешки физички повреди, скршеница на колк, и задржана е на натамошно лекување.
Старицата ѝ е сосетка на мајката на Мирјана и отишла кај актерката за да ја праша за грижата а грижата на мајка ѝ, а во тој разговордошло до влечење на блузата по што бабата паднала. Случајот бил пријавен во полиција.
“Тоа е сосетка на мајка ми, која ми дојде на врата и бараше да ја пратам во старечки дом, сакала таа или не. Ми рече дека морам. Нејзиниот син цело време беше до неа и ја смируваше велејќи ѝ да си одат. Реков дека нема што да разговарам со нив. За мајка ми се грижат две жени, кои доаѓаат претпладне и попладне. Таа не сакаше да ме слуша. Доаѓаат секој ден, затоа што јас не можам. Не сум во ситуација да се грижам за неа во толкава мера. Потоа почна да ми кажува дека мајка ми е луда, дека ќе ги запали сите. Пред неколку дена, мајка ми заборавила да го исклучи шпоретот, се почувствувал чад. Од тој ден мајка ми не го вклучува шпоретот. Тоа ѝ го кажав на таа жена. Но таа продолжи да вреска дека мајка ми е луда, дека не знам како изгледа мајка ми, почна да ме влече за маицата и тогаш настана хаосот. Сакав да ја тргнам раката со која ме држеше. И таа се сопна и падна. Тоа е спој на околности. Не го направив тоа намерно. Беше многу непријатно и бурно – рече Мирјана и додаде:
“Јас ја кренав, чекав да дојде брзата помош. Нејзиниот син ја смируваше: ‘Не требаше да го направиш оа’. Потоа ми се извини и ми рече дека сепак треба да ја принудам мајка ми да оди во дом и сега многу луѓе во зградата… Сите заговараат… Таа жена предизвика хајка против неа. Не знам која е причината. Тоа е некоја параноја. Ѝ се извинив, ѝ реков дека ми е жал, но дека претера. Мојата мајка има 90 години, свесна ѝ и ментално способна. Неврологот ми издаде потврда пред неколку месеци. Не можам да ја прогласам за непресметана. А таа сосетка ми рече дека ќе донесе доктор кој ќе ја прогласи мајка ми за луда и дека ќе мора да оди во дом. Отиде во полиција и во социјалните служби да ја пријави мајка ми и тие ѝ рекоа дека не се занимаваат со тоа – вели актерката.