Одев по булеварот во Лос Анџелес со револвер во едната рака и бев подготвен да пукам во себе, вели принцот Хари во неговите контроверзни мемоари кои наскоро ќе бидат објавени.
Потресната приказна дека бил на работ на самоубиство ја збуни светската јавност. Во краток, објавен извадок од неговата автобиографија, принцот Хари објаснил што му го спасило животот откако тој и Меган Маркл се иселиле од кралската палата и заминале во Лос Анџелес.
„Меган и јас одлучивме да го напуштиме кралското семејство и тоа беше многу мрачно искуство за нас. Еден ден шетав низ Лос Анџелес со револвер во едната рака и бев подготвен да ставам крај на мојот живот. Тогаш видов светлечки знак на една од зградите и си реков – за**и, влегувам. Тоа беше куглана, никогаш порано не сум ја видел или слушнал за таа игра. Кога куглаш, се останато се стишува, слушаш само како топката удира во целта. Тоа е како јога, но за кул и силни момци. Куглањето ми го спаси животот тој ден“, се вели во извадок од книгата.
Контроверзните мемоари на принцот Хари ќе се викаат „Spare“ и ќе бидат пуштени во продажба од 10 јануари, беше сензационално откриено вчера – при што издавачот вети дека ќе ја раскаже неговата приказна „со сурова, непоколеблива искреност“.
Привлечниот наслов на мемоарите е знак на прекарот на Хари како „резервниот“ принц – за разлика од неговиот брат принцот Вилијам – „наследникот“, бидејќи „spare“ значи „резерва“. Верзијата на шпански јазик е уште поостра, со оглед на поднасловот „En La Sombra“ или „Во сенка“.