Хакан Ајсал (40) е осуден на доживотна робија за убиство на сопругата Семра Ајсал (32). Направил селфи со неа, па ја турнал во амбис додека била во седмиот месец од бременоста. Само неколку моменти пред да ја турне од карпа висока 300 метри двајцата направиле селфи на кое биле насмеани.
Убиството го извршил во јуни 2018 година. Ја турнал во долината Лептир, во турската провинција Мугла. Високиот кривичен суд во Фетиј заклучи дека ја убил за да ѝ ги земе парите од животното осигурување. Станува збор за 40.000 евра. Ајсал до последен момент се бранел со непресметливост, но судот ја отфрли ваквата одбрана откако лекарите потврдиле дека кога го извршил убиството бил со здрав разум.
Судот објави дека Ајсал ја намамил сопругата која се плашела од висина. Ѝ рекол дека сака да направи селфи со неа, пред да ја турне. Двајцата седеле на карпата околу три часа пред да ја турне, пренесе infoBalkan.
Се појави и сомнеж дека Ајсал ја турнал Семра откако фотографиите од нив двајца биле објавени во весниците. Случаен минувач направил и видео на кое се гледаат Ајсал и Семра како се спуштаат низ карпите. По ужасниот инцидент, Ајсал се обидел да ги добие 46.000 евра од осигурувањето кое го направиле кратко пред да ја убие.
Полицијата почнала да се сомнева во него кога се обидел да ги земе парите. Тоа било само неколку дена откако Семра починала. За време на судењето, сведоците раскажале дека Ајсал бил смирен додека барал помош за сопругата.
Саит Ертурк бил еден од сведоците кои Ајсал го застанал. Ертурк возел во близина, а застанал кога го видел Ајсал како му мавта со рацете. Го опишал како безгрижен. Рече дека не ни дошол со него да го бараат телото на жена му.
Eşini kayalıklardan attığı iddiasıyla tutuklanan Hakan Aysal’ın Semra Aysal’ı zorla götürdüğünü düşünen bir turist tarafından çekilen görüntülerde, "Bu adam ya kadını aşağıya atacak ya da kadın adamı aşağıya atacak" diyerek tepki verdiği görüldü. pic.twitter.com/Poeovwr1KG
— ayşe ölmez (@ayse_olmez) February 24, 2021