Граѓаните на Струмица вчера беа изненадени од несекојдневна глетка во центарот на градот.
Имено, како што објави локалниот портал Струмица денес на својата Фејсбук страница, целосно гол маж денеска се шетал низ центарот на Струмица.
– Како што велат очевидци за Струмица Денес, истиот бил агресивен и удирал по излозите на продавниците кои се наоѓаат околу плоштадот, објавено е во постот.