Откако заврши свечената заклетва и официјално беше конституирана новата Влада на Србија, која ќе ја предводи премиерката Ана Брнабиќ со втор мандат, нејзиниот син веднаш истрча да ја прегрне на приемот во салата на Собранието.
Ана веднаш го зеде во раце, а Игор присуствуваше на церемонијата заедно со партнерката на Ана Брнабиќ, Милица.
-Точно е дека детето не е мое на хартија, но мое е во срцето и како такво повеќе не може да биде мое. Како да сум го родила, како да сум му биолошки родител – изјави еднаш Ана Брнабиќ.
Во сите досегашни изјави таа зборуваше за својата партнерка во суперлатив, а во интервјуто кое го даде за НајЖена, таа откри работи кои претходно не ѝ беа познати на јавноста.
Така истакна дека не оди во шопинг и дека за тој дел е задолжена нејзината партнерка.
– Обожавам да готвам, тоа ме ослободува од стрес. За жал, немам многу време, тоа го правев многу почесто порано. Мислам дека ја правам најдобрата лазања на светот, а со тоа се согласуваат и моите братучеди. Кога ќе ми заврши мандатот, ќе се вратам на таа моја голема страст, вети премиерката на Србија во една прилика.