Нутриционистката Тереза Кокаро се онесвестила во емисија во живо. И тоа само неколку секудни откако почнала да зборува на тема со што можеме да го замениме шеќерот во исхраната. Прво почнала да превртува со очите и само паднала.
Несреќниот случај се одиграл во емисијата „Buenos Dias America”, а темата на која зборувала Тереза била исхраната на децата.
„Ако сакаме да ги замениме засладувачите или шеќерот, треба да почнеме да користиме кокос, горчливо какао, цимет“, рече нутриционистката додека разговараше со презентерите како да ги навикнат најмалите на овие промени.
„Во ред е ако детето оди на роденден и јаде нешто слатко…“, продолжи таа, пред да почне да пелтечи, што го забележаа водителите и гледачите. Тереза тогаш изгубила свест, водителките притрчале да помогнат, а програмата била прекината.
https://youtu.be/xbZu4C1ibW8
Медиумите потоа објавија дека нутриционистката се чувствува добро, а порталите објавија дека лекарите ја советувале да направи кардиолошки прегледи.