Снимката на кое Кети Пери се обидува да го отвори окото чиј капак неконтролирано паѓа е симпатичен потег со кој се послужија корисниците на социјалните мрежи за теориите околу вакцината и ботоксот.
Имено, на видеото се гледа дека Пери имала проблеми со отворањето на едното око на сцената. Додека публиката ѝ аплаудираше, Кети стоеше гледајќи со едното око додека другото ѝ беше целосно затворено.
Кети стоеше таму во сребрено трико украсено со лименки, борејќи се со десниот очен капак. Таа потоа накратко го паузираше настапот за да го отвори окото со прстот, а потоа продолжи со настапот.
Обожавателите се шегуваат дека Кети Пери „доживеала механички дефект“ за време на концертот.
Снимката е опишана како „последица од вакцините“ и последица од лошо направениот ботокс – непријатна ситуација кога после интервенциите ќе „падне“ едната веѓа.
„Ботоксот тргна по злото“, „Еве ви доказ дека постојат последици од вакцините“, „Дали доживеа шок на сцената“, пишуваа корисниците во коментарите.
Кејти Пери во април оваа година, како што пишува “Newsweek”, во музичкото натпреварување на Американскиот идол зборуваше за „паѓањето на капакот“.
Katy Perry: Eye of the Pfizer. pic.twitter.com/MpK1EnP674
— Kevin smith (@KJ00355197) October 24, 2022