-Им благодарам на Габриела и на Кирче за вкусниот тост, за љубезноста и за разговорот на крајот на овој ден во убавата Битола. Сега веќе знам каде на Широк сокак може добро да се вечера, напиша на својот Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.
-Малите и семејните бизниси, се двигатели на економијата, драго ми е што има многу вредни луѓе кои веруваат во себе и ги развиваат своите бизниси, тука, дома, напиша Ковачевски.
Тој вчера огладнел по напорниот ден во Битола каде што беше на партиска задача во рамките на работната акција на СДСМ насловена „Силно и одлучно кон иднината“.