НЕ ЗАПИРААТ: Активисти фрлија торти врз восочните фигури на кралот Чарлс и Камила (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Продолжуваат протестите на активистите за заштита на животната средина, а сега го одбележаа и музејот „Мадам Тисо“ во Лондон, каде „настрада“ восочната фигура на кралот Чарлс.

Два члена на групата купиле влезници за во музејот, влегле во зданието и со чоколадна торта го замачкале лицето на фигурата на британскиот крал, инаку борец за зачувување на животната средина.

https://twitter.com/i/status/1584491199771316225

Инцидентот се случил во рамки на низата акции од почетокот на месецот во кои се бара запирање на истраувањата на нафта и гас.

Друга група активисти на организацијата „Последната генерација“ во неделата во музеј во Белина го погодија заштитното стакло на местотото каде што е изложена сликата на францускиот уметник Клод Моне со пире од компир во знак на протест против употребата на фосилни горива.

„Науката е јасна. Побарувачката е едноставна: само запрете ги нафтата и гасот. Тоа е парче торта“, велат тие.

останати вести