Украинското Министерство за одбрана на Твитер сподели видео.
Десетици луѓе седат во засолништето и држат блицови од мобилни телефони додека го слушаат настапот на виолинистот. Министерството соопшти дека видеото е снимено во западниот регион Ривне.
„Засолниште во Ривне. Поради руските ракетни напади, дел од градот остана без струја и вода“, се вели во описот .
A bomb shelter in Rivne. As a result of russian missile attacks, part of the city remains without electricity and water. pic.twitter.com/nMEeNCCraj
— Defense of Ukraine (@DefenceU) October 22, 2022