За нешто повеќе од два месеци влегуваме во 2023 година, која секако сакаме да биде период на среќа, напредок и развој. За да ги почувствуваме придобивките од промената, позитивната енергија и мотивацијата да растеме и да се развиваме веќе на почетокот на истата, важно е пред крајот на 2022 година да се ослободиме од она што нè блокираше, воздржуваше и ограничуваше.
Ослободете се од вашиот живот од се што носи немир и незадоволство, а ние ви носиме кратка листа на примарни работи.
Долгови – Пред се‘, не зборуваме само за финансиски долгови, туку за оние ветувања кои сте ги дале, но до сега поради некоја причина не сте ги исполниле. Ваквите долгови треба да бидат отпишани до крајот на 2022 година. Задолжително исполнувајте ги претходно дадените ветувања за без стрес да влезете во новиот период. Секако, важно е да се ослободите од финансиските долгови за да создадете подобри шанси за управување со парите и инвестирање во личен развој. Ова ви гарантира прилив на мотивација и среќа во финансиските и работните области.
Можеме да се сетиме и на простувањето што го должиме на другите луѓе, оние кои сме ги повредиле, навредиле или разочарале. Исто така, важно е да си простите и да зачекорите во 2023 година со многу волја и љубов во срцето.
Завист – Зависта е токсична емоција која го труе срцето и ве разјадува, спречувајќи ве да растете и да бидете подготвени за развој. Секој што чувствува некаков облик на завист, важно е да се ослободи од него пред 2023 година. Време е да престанете да се споредувате со другите и да се жалите на судбината. Не заборавајте, зависта е најлошиот непријател на успехот во љубовта и бизнисот. Споредувајте се само со вашите достигнувања, а радувајте се со туѓите успеси – вака создавате добра енергија во себе и во врските.
Неизвесност – 2023 година најверојатно ќе биде време кога сите ние треба да вложиме максимални напори за да ги постигнеме нашите цели. Ѕвездите и планетите ќе бидат наредени така што ќе ни се отворат нови врати, но без самодоверба нашите можности и шанси за успех се намалуваат. Време е да верувате во себе и кога ништо не е невозможно. Дури и кога нема да успеете, секој ваш обид е за восхит. Ја имате оваа движечка енергија во себе, разбудете ја.