Италијанскиот таблоид Gente тврди дека nајпознатата спортска новинарка во светот,згодната Дилета Леота е во врска со голманот Лорис Кариус, познат по своите бројни киксови.
Станува збор за голманот кој сите го паметат по финалето од Лигата на шампионите во 2018 година. Тогаш како голман на Ливерпул практично му ја подари победата на Реал Мадрид, а оттогаш неговата кариера тргна само надолу.
Истото лето Јирген Клоп одлучи да го донесе Алисон Бекер, додека Кариус прво замина на двегодишна позјамица во Бешикташ, па во Унион Берлин, за потоа да му го раскинат договорот. Од септември Кариус е член на Њукасл со кој потпиша краткорочен договор, а за тоа време успеа и да ја „смува“ една од најубавите жени во фудбалскиот свет.
„Во моментов, се чини дека водителката ги забрзува студиите за да го подобри англискиот јазик. Работата го бара тоа и има потреба од едноставно професионално напредување. Но, сега, во светлината на гласините, се прашуваме: дали можеби зад јазично збогатување се крие и желба да ги прошири границите на нејзиното срце“, пишува италијанскиот таблоид Gente и наведува дека тие двајца веќе некое време се следат на Instagram, што наводно резултирало со повеќе од само пријателство.
Претходно Дилета се поврзуваше и со синот на претседателот на Рома, се зборуваше за авантура со сурферот Џакомо Кавали, додека времето ќе покаже што се случува помеѓу неа и непрославениот голман.
Кога сме кај Германецот, и самиот доживеа голема трансформации кога е во прашање физичкиот изглед бидејќи периодот после катастрофата во тоа финале од Лигата на шампиони го искористи негативната енергија да ја потроши во теретана. Воедно, често на социјалните мрежи се фали со фотки без маица.