Фотографот и снимател Лука Суша почина денеска, а тажната вест ја потврдија и од неговото семејство.
Суша уште како дете го напушта Скопје, живее и се школува ширум поранешна Југославија, за потоа неговите фотографии да се најдат на страниците на бројни дневни и неделни изданија на поранешната држава, како „Политика“, „Борба“, „Базар“… Подоцна работи како снимател во А1 телевизија.
Заедно со неговиот колега Зоран Костески во две децениското истражување отсликаа стотици македонски села, што се на прагот на исчезнување, на тој начин заштитувајќи ги од незаборавот и вградувајќи ги во македонската колективна меморија.
Во 2017 година од Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија, заедно со Костески, Суша ја доби традиционалната награда „Љубе Цветановски“.