Дедомразовци утре ќе трчаат низ Скопје

by Тони Зографски

Утре ви Скопје ќе се одржи традиционалната дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во центарот на главниот град. Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер и на неа може да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само два километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители.

Стартот и финишот на трката се на Плоштадот Македонија, а ќе се трча кон Порта Македонија, Парк Жена Борец, Холидеј Ин, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта. Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 10 до 11 часот на денот на трката.

Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв, со поддршка на Coca-Cola  и градот Скопје.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com