Кејт Волш (55) уживала на плажа во Перт Австралија, од каде е нејзиниот вереник Ендрју Никсон (63).
Дека се верила со човекот којшто го сака актерката објавила на почетокот на овој месец кога јавноста дознала и со што се занимава нејзиниот нов партнер.
Никсон работи во „Nixon Farming“, семејна земјоделска компанија од Австралија која одгледува овес, пченица и други видови на житни култури.
Веридбата со холивудската ѕвезда него го лансирала во центар на внимание во јавноста.
Поради прекрасниот вереник, американската актерка која има 55 години подготвена е повторно да се венча.
Таа зад себе го има бракот со Алекс Јанг којшто траел од 2007 до 2010 година.
Како што покажуваат фотографиите, Кејт која е најпозната по улогата на д-р Едисон Монтгомери во серијата „Grey’s Anatomy“ изгледа многу среќно покрај својот вереник и е вистинска жена од „крв и месо“, убава со сите свои мали несовршености.