Вчераутро се случил инцидент во автобус на ЈСП, кога се степале контролорка и патник, соопшти МВР.
„На 16.10.2022 во 08.20 часот било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, во автобус на ЈСП бр.67, по претходна расправија околу проверка на возен билет, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу И.С.(38), вработена како контролор во ЈСП и патник Н.З.(48), двајцата од Скопје“, велат од полицијата.
По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава.