Сите оние кои го сакаат езотеризмот слушнале за Тамара Глоба, популарен астролог. Нејзините пророштва се остварија многу пати, поради што таа се здоби со почит во светот.
Тамара Глоба вака ги предвиде настаните во 2023 година:
„ Најтешкиот период во три години (од 2021 до 2023 година) ќе се случи токму во 2023 година! И само по две или дури две и пол години почнува период кога полека се ќе си дојде на свое место“, изјави Тамара Глоба.
„Светот целосно се менува, главно, апсолутно сè ќе се промени – цивилизација, економија, психологија. Луѓето кои имаа многу ќе останат повторно без сè. А луѓето кои немаа ништо ќе прегрнат: нови можности, нови технологии, нови финансиски текови…“
Тамара предвидува и дека ќе има активно иселување на луѓе. Исто така, предвидува големи поплави и земјотреси во 2023 година.
„Настаните поврзани со овој тежок период во 2023. година ќе доведат до голема желба во целиот свет работите да се подобрат. Секој ќе биде загрижен за себе и така до 2024. година. И дури во 2026. година ќе почнат да се одвиваат настаните што ќе доведат кон отвореноста на светот, до смирувањето на страстите“, вели Глоба.
Овој астролог наведува дека пролетта и летото 2023. година ќе бидат неповолни за патување бидејќи многу земји ќе ги затворат границите, но на почетокот на 2024. година работите ќе бидат сосема поинакви во позитивна смисла.
„Како треба да живее обичен човек? Многу е едноставно: чувај ја работата, чувај си го семејството, ова е многу важно – тоа ќе ја одржи рамнотежата”, советува Тамара Глоуб.