Осумнаесетгодишната принцеза Кетрин-Амалија мораше да се исели од студентскиот дом во Амстердам и да се врати во палатата во Амстердар поради закани по нејзината безбедност, односно, страв од напад или киднапирање, соопшти холандското кралско семејство.
„За неа нема студентски живот каков што имаат други. Таа не може да живее во Амстердам, а всушност воопшто неможе да излезе од дома“, кажа кралицата Максима.
Името на Амалија и на премиерот Марк Руте се појавило во комуникациите на организираниот криминал, што навестило дека би можеле да бидат мета на напад.
Минатиот месец, холандското кралско семејство објави фотографии од насмеаната Амалија на првиот ден од студирањето на Универзитетот во Амстердам. Таа притоа се пресели во групен студентски дом.
Амалија во декември ќе наполни 19 години и многумина во Холандија ја сметаат за приземна членка на кралското семејство. Нејзините родители се надеваат дека засилените безбедносни мерки се само привремени.