Ѕвездите на филмот „Враќање во иднината“, Мајкл Џеј Фокс и Кристофер Лојд, овој викенд се сретнале на фестивалот „Comic Con“ во Њујорк.
Дури 37 години подоцна, откако беше објавена научно-фантастичната трилогија на режисерот Роберт Земекис, актерите учествувале на еден од панелите, зборувајќи за своето пријателство, кариера и снимањето на култната сага.
„Најдобриот дел од овој филм беше работата со Крис. Тој просто е генијален“, изјавил Мајкл.
Џеј Фокс, помеѓу останатото, зборувал и за болеста од која боледува повеќе од 30 години.
За потсетување, на 29-годишна возраст, кога неговата професионална кариера беше на врвот, му беше дијагностицирана Паркинсонова болест. И покрај тешкото одење и стоење, актерот на крајот го прегрнал својот филмски колега, а тој особено емотивен момент публиката го дочекала со овации.
Видеото од оваа емотивна средба расплакало многумина.
„Мајкл е многу храбар“, „Не можам да престанам да плачам“, „Толку ми е тешко да го гледам Марти во ваква состојба“, се некои од коментарите.
https://twitter.com/i/status/1579207236093870081
https://twitter.com/i/status/1579192165950885888