Мишел Хунцикер, првата сопруга на Ерос Рамацоти, еднаш падна во канџите на сектата, за која неодамна за прв пат детално проговори.
Првата сопруга на познатиот италијански заводник Ерос Рамацоти беше поранешната италијанска манекенка и водителка.
Не е тајна дека од сите жени со кои излегуваше, пејачот најмногу ја сакаше, но ниту големата љубов не можеше да го спаси нивниот брак, кој беше вовлечен во озлогласен култ.
Имено, Мишел уште како млада паднала во канџите на сектата „Воини на светлината“, а за се што поминала проговори дури неодамна кога откри повеќе детали.
„Приказната звучи некохерентно: Исус Христос имал сестра која се заљубила во римски војник, го изневерила својот брат и отишла со војникот во Рим. Но Римјаните не сакале ниту да слушнат за неа, па таа живеела во сиромаштија и мизерија. Тоа беше казна за предавство. Таа сестра бев јас. Верував дека тоа е во мојот минат живот и дека таа вина ја носам на гради“, изјави Хунцикер.
Таа во интервју за германски „Штерн“ изјави и дека ја убедиле дека во минатиот живот била сопруга на офицер на СС и дека не ги спречувала неговите зл*сторства. Таа со години била веганка, верувајќи дека дури и пицата се прави со „демонски“ состојки.
Со години немала сек*уални односи, а четири години не комуницирала со мајка си и пријателите. Припадниците на сектата и го уништиле бракот со Рамацоти и и земале многу пари.
Инаку, кога имала само дваесет години, Мишел имала се – била позната манекенка, запознала познат музичар, добила ќерка со него, а потоа се венчале.
Меѓутоа, честата разделба поради неговата музичка кариера го направила своето, а кога косата почнала да ѝ паѓа од стресот, нашла терапевт кој во почетокот и бил пријател. Во тоа време, Мишел сè уште не знаела дека се работи за секта – „Воините на светлината“, чии верувања се засноваат на минати животи.
„Таа ми рече дека морам да побегнам од луѓето кои не ме сакаат“, изјавила Мишел.
Сектата и кажала дека Рамацоти некогаш бил римски војник кој ја сведе на сиромаштија и дека е неопходно таа да се одвои од него. Кога музичарот сфатил што се случува, и поставил ултиматум на сопругата – или тој или сектата. Хунзикер тогаш решила да се приклучи на сектата, а потоа следувал развод.
Таа долго време давала се што имала на сектата и верувала дека без нив ќе пропаднела. Таа се чувствувала сама и ранлива и тие го искористиле тоа. Ова траело до 2006 година, кога Мишел конечно ја напуштила сектата и почнала да го живее животот во потполност.
Откако го напуштила тој неславен култ, Мишел најде среќата со Томас Трусарди, наследникот на модната империја. Со него имаше уште две девојки и денес е среќна и исполнета како сопруга и мајка.