Иранскиот пустиник Амој Хаџи, наречен највалканиот човек на светот бидејќи не се туширал повеќе од половина век, починал од старост на 94-годишна возраст.
Амој Хаџи починал во неделата во селото Дејгах во јужната иранска провинција Фарс. Агенцијата ИРНА објави дека Хаџи, кој секогаш бил покриен со прашина и живеел во колиба со чакал, не се капел ниту со вода ниту со сапун повеќе од 60 години.
Пред неколку месеци селаните го наговориле за првпат да се избања.
Хаџи стана светска атракција откако на локалните медиуми им откри дека последен пат се бањал пред 65 години. Хаџи медиумите го нарекоа највалканиот човек во светот. Во интервју тој објаснува дека не се избањал од времето кога имал 19 години, оти има страв од вода и љубовни јадови поради кои решил да се изолира.
Амој Хаџи живееше во иранската пустина, се хранел со месо од умрени животни и верувал дека може да се разболи ако се избања. Сакал да пуши, а највердната работа што ја поседувал е старо луле. Тој живеел на улиците во близина на изолираното села Дезга во јужната иранска провинција Фарс, спиел во дупки направени во пустината. Иако селаните му изградиле колиба, тој одлучил да не живее во неа, туку повремено да се засолни кога е многу студено или кога има невреме.