“ОДИ СИ ВО ТВОЈАТА ЗЕМЈА, ИРСКА Е НА ИРЦИТЕ“: Кејт Мидлтон грубо ја пречекаа во Северна Ирска (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон во четвртокот ја посетија Северна Ирска, а по тој повод принцезата од Велс се нашла во многу непријатна ситуација.

Имено, за време на прошетката во Белфаст, Кејт ја сретнале многу луѓе кои ѝ посакале добредојде, но меѓу нив имало и една помалку пријателска настроена дама, поради што оваа средба нема да ѝ остане во убаво сеќавање.

Принцезата од Велс се ракувала со луѓето кога на ред дошла дама во зелено палто, која имала и порака за принцезата.

Додека се ракувале, таа ѝ рекла: „Мило ми е што те запознав, но подобро ќе беше да си во својата земја“.

Како што можеме да видиме на видеото, госпоѓата го снимила целиот настан со својот мобилен телефон, а додала дека „Ирска им припаѓа на Ирците“.

Кејт Мидлтон останала воздржана и само се насмевнала на оваа забелешка, а потоа продолжила да се поздравува со толпата.

Дамата во зелено палто била критикувана за нејзиното „дрско однесување“, а Кејт била пофалена што не дозволила коментарот да ѝ влијае на расположението.

https://twitter.com/i/status/1578046493575069704

останати вести