Скандалозна недела во данскиот замок откако кралицата Маргарет решила да им ги одземе титулите на децата на својот најмлад син. Принцот Јоаким тврди дека неговите деца Николај, Феликс, Хенрик и Атина се „вознемирени“ по одлуката на кралицата.
Во екот на споменатиот скандал, принцот Јоаким (53) и неговата сопруга принцезата Мари (46) признале дека немаат добри односи со престолонаследникот Фредерик (54) и неговата сопруга Мери (50).
Меѓутоа, сега еден шпански магазин излезе со скандалозни тврдења. Имено, според нив, разделбата во кралското семејство на Данска настанала затоа што принцот Јоаким е „длабоко вљубен во својата снаа Мери!“
Дури беше објавен и клип на кој се гледа дека Јоаким се обидува да ја бакне Марија на гала забавата на полкот на Кралската гарда.
Шпанското списание потсети: „Очигледно пијан, помладиот син на кралицата Маргарет, се чини, дека се обидел да ја бакне својата снаа во устата, но таа се потргнуваше колку што можеше со беспомошна насмевка на усните, додека неговата сопруга Мери сведочеше срамниот чин“.
Странските медиуми шпекулираат дека Јоаким бил „длабоко вљубен во својата снаа“ веднаш по свадбата на принцот Фредерик и Марија во 2004 година.
„Не му помогна ниту тоа што во 2007 година се сврши со една Французинка (принцезата Мари) која дури го има истото име и неверојатна сличност со неговата снаа“, пишува магазинот.
Кралското семејство реши да ги демантира овие гласини со заеднички официјални посети на принцовите и принцезите на Данска.
Кралицата Маргарет и нејзиниот најстар син одбија да ги коментираат новите наводи.