МАСАКР ВО ГРАДИНКА ВО ТАЈЛАНД: Најмалку 31 загинат, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Најмалку 31 лице се убиени откако поранешен полицаец отворил оган во дневен центар за деца од предучилишна возраст во Тајланд, соопшти полицијата.

Вооружениот напаѓач сѐ уште е на слобода по нападот во Нонг Буа Ламфу, на североистокот на земјата.

Полицијата соопшти дека меѓу жртвите има деца и возрасни.

Напаѓачот пукал и бодел деца и возрасни и сега е во бегство, соопшти полицијата. Мотивот за нападот е нејасен.

Извештаите во Тајланд велат дека полицаецот неодамна бил отпуштен поради учество во трговија со метамфетамин.

Полицијата вели дека тој последен пат бил виден како вози пик-ап „тојота“со регистерски таблички од Бангкок.

Масовните престрелки во Тајланд се ретки. Во 2020 година војник уби 21 лице и повреди уште десетици во градот Након Рачасима.

останати вести