Шведска европратеничка си ја исече косата на говорница во знак на поддршка за Иранките (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Шведската европратеничка Абир ал-Сахлани, која е родена во Ирак, ја отсече косата од говорницата на Европскиот парламент во знак на солидарност со антивладините демонстрации во Иран, кои беа предизвикани кога 22-годишната Махса Амини почина во морален полициски притвор.

– Се додека Иран не е слободен, нашиот гнев ќе биде посилен од гневот на оние кои вршат репресија. Се додека Иранките не се слободни, ние ќе бидеме со вас – рече Сахлани во Стразбур и потоа ги зеде ножиците.

Таа на курдски рече „жена, живот, слобода“ и си ја отсече косата врзана во опавче.

останати вести