ДОБИ ШЛАКАНИЦА: Навивач со лижавче ја „запроси“ девојката на трибините (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На неодамнешниот МЛБ натпревар помеѓу Toronto Blue Jays и Boston Red Socks, се случило необично „запросување“ кое завршило неславно, а видеото стана хит на социјалните мрежи.

На почетокот се изгледало нормално. Момчето клекнало на скалите пред девојката и извадило нешто што изгледало како прстен. Не можела да поверува, но брзо доживеала вистински шок.

Имено, момчето наместо прстен извадил лижавче во форма на прстен и и’ го дал, а таа веднаш му удрила шлаканица и го полила со пијалок.

И’ луѓето околу нив биле збунети и почнале да го критикуваат за потегот, кој очигледно бил непромислена шега.

останати вести