СОЛЗИ, НАСМЕВКИ И ПРЕГРАТКИ: Пет украински команданти за прв пат од почетокот на војната се сретнале со семејствата (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Пет команданти на Азов во понеделникот прв пат по почетокот на војната во Украина ги виделе своите семејства. Заедно со повеќе од 200 украински бранители, Денис Прокопенко, Свјатослав Паламар, Олех Хоменко и Денис Шлеха, учествувале во битката за Мариупол и завршиле во челичаната Азовстал.

Сопругите и децата ги сретнале во Турција на аеродром, а ги дочекала и првата дама на Украина Олена Зеленска и Андриј Јермак.

Примиле ордени Златна ѕвезда и биле прогласени за херои.

„Ова беше многу емотивно. Патот до овој момент беше долг и тежок. Конечно, успеавме да се прегрнеме. Украина ќе се бори за слободата и за враќањето дома на секој Украинец“, рекла Зеленска.

останати вести