Синот на Георге Иванов правеше свадба (ФОТО)

by Тони Зографски

Изминатиов викенд, синот на поранешниот претседател Георге Иванов- Иван Иванов, направи свадба.

Тој со својата избраничка- прекрасната Јана Иванова се венчаше во матично уште минатата година,кога парот направи мини веселба за најблиските роднини и пријатели.

Откако Јана на свет го донесе нивниот син, семејството Иванови приреди невиден спектакл на кој до зори се пееја македонски песни и се вееја македонски знамиња.

Неколку стотици гости се веселеа во име на љубовта на Иванови, а присутните во салата ги забавуваше дуото „Некст тајм“, кои ги изведоа сите нивни преработки на стари македонски песни и ја вжештијата атмосферата до максимум.

Извор: Убавина и здравје

 

останати вести