Ентони Бордејн изврши самоубиство во 2018 година, а неговата смрт ја шокираше светската јавност.
Тој беше еден од најславните готвачи на светот, патуваше низ многу земји, снимаше документарни емисии за храна и, според мислењето на многумина, го живееше животот од соништата. Но, на крајот сè се сруши како кула од карти кога одлучи да се самоубие на 61-годишна возраст. Бордејн беше пронајден мртов во својот стан, а полицискиот извештај потврди дека се обесил.
Сега, по неколку години чекање, пристигнуваат биографски фрагменти од неговиот живот во книгата „Down and Out in Paradise: The Life of Anthony Bourdain“ која ја напишал новинарот Чарлс Лирхсен.
Прегледувајќи ги неговите пораки, мејлови и интервјуа, новинарот наишол на преписка помеѓу Ентони и неговата поранешна сопруга Отавија Бусија. Долго време се шпекулираше дека токму Отавија е виновна за неговата смрт, бидејќи самоубиството на Ентони се случи во моментот кога беше откриено дека таа долго го изневерувала додека биле во брак.
Во таа прилика, кога нејзиниот секс скандал беше разоткриен, Бордејн ѝ испратил порака која откривала дека не е во најдобра психичка состојба.
„Ги мразам моите фанови. Ја мразам славата. Ја мразам мојата работа. Осамен сум и живеам во постојана неизвесност“, ѝ рекол тој. Исто така, готвачот го коментирал и нејзиното неверство и ѝ дал до знаење како се чувствува поради тоа.
„Добро сум. Не сум пакосен. Не сум љубоморен што си била со друг маж. Јас не те поседувам. Ти си слободна. Како што реков, како што ветив, како што навистина мислев. Но, беше невнимателна, непромислена кон моето срце. Мојот живот“, ѝ напишал тој и додал дека најмногу го повредило тоа што спиела со љубовникот во истиот хотел во кој тој ја водел и во кој создале убави спомени.
Исто така е објавена преписка во која готвачот ја прашува својата поранешна сопруга зошто му го направила сето тоа, на што таа му одговорила дека е ужасно посесивен и дека единствено што сака од него е да ја остави на мир и да заборави на неа. Тие пораки ги размениле на истиот ден кога Бордејн си го одзеде животот.
„Луѓето велат дека јас сум го убила. Дека е мртов поради мене. Разбирам дека светот мора да пронајде причина, и јас би сакала да ја пронајдам истата. Луѓето имаат потреба да мислат дека се самоубил поради нешто такво. И тој мене ме изневеруваше. Тоа не нѝ беше проблем“, рекла Отавија по самоубиството на поранешниот сопруг.