Новинарка стави кондом за да го заштити микрофонот од ураганот во Флорида (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Ураганот Ијан кој ја погодува Флорида, САД, однесе неколку жители и остави милиони без струја, иако властите спроведуваат очајни спасувачки операции низ целата држава.

Според PowerOutage.us, од почетокот на четвртокот, повеќе од 2 милиони корисници останале без струја поради огромното невреме, проследено со многу уништени дрвја, автомобили итн.

Image

Додека ураганот Ијан беснееше на територијата Флорида, новинарката на „NBC“, Кајла Гелер, смислила безбедно известување, гордо и вешто поставувајќи кондом со цел да го својот микрофон.

„Тоа е што вие мислите дека е. Тоа е кондом. Не смееме да ги намокриме микрофоните, затоа мораме да го правиме она што треба да го направиме“, им рекла Гелер на своите гледачи на „Инстаграм“.

Видеото беше споделено и на „Твитер“, што предизвика масовна реакција кај корисниците.

https://twitter.com/i/status/1575289850311368706

https://twitter.com/i/status/1575289850311368706

останати вести