Во владиниот ресторан повеќе нема да се јадат морски плодови, а од менито ќе бидат тргнати и бадемите и лешниците, најави синоќа премиерот Димитар Ковачевски. На прес-конференцијата тој кажа дека неговата одлука е конечна.
Владината Служба за општи и заеднички работи неодамна распиша тендер со кој набавува пастрмка, крап, лигњи, октопод и одвојува за нив да се платат 20 илјади евра.
-Со оглед дека и тоа што ќе се нарача, треба да биде платено средствата на граѓаните доколку се работи за службени ручеци или од сметка на тој што сам плаќа, без разлика, при подготовката на мерките за ранливите категории граѓани јас веќе одлучив дека ќе има забрана за користење на морска храна во бифеата, исто така и на бадеми и лешници и тн. За тоа ќе има забрана и тие средства ќе бидат насочени директно за најранливите категории граѓани со ниски примања- рече Ковачевски.